„Сите за Палестина“ побара од Сиљановска да се ограничи влијанието на Израел во Македонија

-Истакнаа дека молкот на Македонија во рамките на Обединетите нации и други меѓународни форуми е соучесништво со геноцидот, велат од иницијативата чии членови вчера се сретнале со претседателката Сиљановска Давкова

од Nikola Popovski
18 прегледи

Иницијативата „Сите за Палестина“ информира дека нивни членови вчера ја посетиле претседателката Гордана Силјановска-Давкова, за да ги пренесат барањата на инцијативата и директно да ја повикаат на солидарност со Палестина и со палестинскиот народ.

-На оваа средба ја потсетија дека иако на 80-годишнината од основањето на Обединетите нации, таа истакна дека мирот, климатската правда и меѓународното право се најважните предизвици на денешницата, Македонија нема конкретна акција и не ги почитува своите заложби за овие принципи. Почитување на овие заложби е историска должност на Македонија, велат од иницијативата.

Разбирајќи ја енергетската зависност на Македонија од големите сили, додаваат од таму, поради која сме спречени да се одважиме со осуда на геноцидот, активистките сепак апелирале да се најде тактички и дипломатски начин да се пружи поддршка на Газа и да се ограничи влијанието на Израел во земјава.

-Истакнаа дека молкот на Македонија во рамките на Обединетите нации и други меѓународни форуми е соучесништво со геноцидот. Во знак на почит и надеж, на претседателката ѝ подарија неколку книги за мирот, хуманост и за Палестина. Македонија мора да покаже морална и историска доблест во склад со својата антифашистичка традиција и хуманоста за која зборува, а не ја покажува, стои во реакцијата на „Сите за Палестина“.

Слични содржини