Повеќекратниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез денеска оцени дека падот што го доживеа на загревањето во Индонезија е еден од најлошите во неговата кариера.
– Имав лош пад на загревањето утрово, можеби еден од најлошите во кариерата. Отидов во локалната болница и иако немаше сериозни проблеми, беше одлучено да не учествувам на трката. Штета, но тоа беше најдобрата одлука – изјави шпанскиот мотоциклист.
Today Marc Marquez crashed again in the warm-up session. #xposureid #motogp #marcmarquez pic.twitter.com/GBHLd2XcZf
— Xposureid (@xposureid) March 20, 2022
На Маркез по падот му беше дијагностициран потрес на мозокот, поради што не учествуваше во трката.
Покрај утринскиот пад на загревањето, возачот на Хонда падна од моторот уште три пати на слободните тренинзи и квалификации, во петокот и саботата.
Возачот на КТМ, Мигел Оливеира, победи на трката за Големата награда на Индонезија во дождливи услови.