Сити го купи за 118 милиони евра, сега го продава за 35

од Nikola Popovski
143 прегледи

Манчестер Сити ја игра најслабата сезона откако Пеп Гвардиола ја презеде функцијата пред девет години. Моментално се петти во англискиот шампионат, со два бода помалку од Нотингем Форест и дури 21 зад лидерот Ливерпул. Единствена шанса за трофеј им е ФА Купот каде во полуфиналето ќе се соочат со Форест.

Веќе се зборува за голем број играчи кои заминуваат на крајот на сезоната, а еден од првите на листата е Џек Грилиш. 29-годишниот играч од средниот ред пристигна во Сити летото 2021 година од Астон Вила за 118 милиони евра, што го прави убедливо најскапиот играч во историјата на клубот.

Според британските медиуми, три клуба се издвојуваат како најверојатна следна дестинација на Гралиш. Тоа се Тотенхем, Њукасл и Астон Вила.

„Трансфермаркт“ моментално го проценува на 35 милиони евра, а околу таа сума се шпекулира во тамошните медиуми. Тоа значи дека Сити ќе го продаде за три пати помалку пари од она за што го донел.

Од доаѓањето во Сити, Грилиш одигра вкупно 155 натпревари, постигнувајќи 17 голови и 23 асистенции во сите натпреварувања. Во сезоната 2024/2025, Џек играше на 19 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи гол. Има и една асистенција.

Слични содржини