Манчестер Сити најверојатно ќе се откаже од обидот да го ангажира Хари Кејн ова лето.
Сето ова под услов да го донесат Џек Грилиш од редовите на Астон Вила.
Според „Manchester Evening News“, Сити понудил 117 милиони евра за Грилиш, и доколку тој трансфер помине, нема да имаат дополнителни средства за уште еден сличен трансфер, како оној на Кејн.
Напаѓачот на Тотенхем има договор за уште три години и претседателот Даниел Леви не е подготвен да го пушти доколку некој не плати 176 милиони евра.
Кејн се враќа од одмор во следните неколку дена и треба да се пријави во клубот.
Сепак, останува да се напомене дека на крајот од минатата сезона, тој рече дека е подготвен да прифати нов предизвик.
Не е тајна дека тој сака да си замине, и кога му рече на Гери Невил во интервју за „Скај“ дека „сонот на секој напаѓач е да игра со Кевин де Бруин“, тоа беше јасен сигнал до Сити дека сака да дојде кај нив.
Меѓутоа, „граѓаните“ би морале да продадат неколку играчи за да го надополнат буџетот, што најверојатно нема да се случи.