Сити го прави Родри еден од најплатените во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Шефовите на Манчестер Сити имаат намера да му оддадат почит на исклучителниот настап на Родри во тимот во последните сезони со тоа што ќе го наградат со нов бомбастичен договор, информира весникот „Мирор“.

Според изданието, „Етихад“ му понудил нов договор на пет години и плата од 375 илјади фунти неделно. На овој начин шпанскиот играч за врска ќе се изедначи со најплатените играчи на тимот во лицето на Кевин де Бруин и Ерлинг Халанд.

Актуелниот договор на Родри е до летото 2027 година, но раководството на „граѓаните“ сака на подолг период да ги осигура услугите на играчот кој стана исклучително важен дел од составот на тимот и со тоа да ги одбие можните апетити од други клубови за фудбалерот.

За време на Евро 2024, каде што играчот од средниот ред беше прогласен за играч на турнирот, Дани Карвахал во неколку наврати призна дека го убедил Родри да се пресели во Реал Мадрид.

Од „Етихад“ планираат слични разговори со Халанд, кој веќе влезе во третата година од петгодишниот договор.

Слични содржини