Сити го претстави новото засилување: Ечевери официјално пристигна на „Етихад“

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Аргентинскиот фудбалер Клаудио Ечевери официјално му се приклучи на Манчестер Сити, соопшти денеска англискиот клуб.

Ечевери (19) во јануари минатата година се пресели од Ривер Плата во Манчестер Сити, но остана на позајмица во аргентинскиот клуб.

„Фудбалот е мојот живот и мојот сон е да играм за еден од најдобрите тимови во Европа. Денес сум поблиску до тој сон. Манчестер Сити е еден од најголемите клубови во светот. Не само што освојува трофеи, туку игра прекрасно. Возбуден сум што ќе играм овде“, изјави Ечевери, според клубот.

Аргентинскиот фудбалер се пресели од Ривер во Манчестер Сити за 12,5 милиони фунти, потпишувајќи договор до крајот на јуни 2028 година.

Ечевери е капитен на репрезентацијата на Аргентина до 20 години, која неодамна заврши на второто место на првенството на Јужна Америка.

Манчестер Сити е на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 47 бодови.

Слични содржини