Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе влезат во жестока битка за големата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар во летниот трансфер прозорец, тврди „Ел Мундо Депортиво“.
Според базираното во Барселона издание, двата тима се очекува да се натпреваруваат со Реал Мадрид за потписот на бразилскиот репрезентативец, кој споделил веќе пред своите блиски, дека нема трпение да го напушти Париз, бидејќи не ја поднесува ниту грубата игра против него, ниту слабото ниво на шампионатот.
Во моментов Нејмар се опоравува од тешка повреда и се очекува да биде на линија за последните натпревари од крајот на оваа сезона, а потоа за учеството на Мундијалот во Русија.
Како што е познато, парижаните платија на Барселона за него 222 милиони евра и моментално го држат рекордот за најскапиот фудбалски трансфер на сите времиња.
Сити сепак има потреба од големо име во нападот, а Пеп Гвардиола со задоволство ќе ја земе кариоката. Истото може да се каже и за Манчестер Јунајтед, бидејќи тимот доживува проблеми во првите редови, а освен тоа треба да бара заменик на Ибрахимовиќ, кој го напушти предвреме тимот.
Но, едно е нејасно – како Нејмар ќе ги убеди парижаните да го стават на трансфер листа и да го продадат.