221
Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити денеска ремизираа на „Енфилд“ со резултат 1:1 (0:1) во натпреварот од 28. коло на Премиер лигата.
Водечкиот гол за гостите денеска го постигна Џон Стоунс во 23. минута, додека Алексис Мекалистер го постигна израмнувачкиот гол за својот тим во 50. минута од пенал.
По овој натпревар, Ливерпул и понатаму е на второто место на табелата со 64 бодови, колку што има и лидерот Арсенал, додека клубот од Манчестер е на третото место со само бод помалку.