Сити има план вреден 100 милиони за Халанд

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Останувањето на Пеп Гвардиола барем уште една година му дава надеж на Манчестер Сити дека клубот ќе успее да го искористи овој адут и да го продолжи договорот на својата голема ѕвезда Ерлинг Халанд. Медиумите на Островот вчера објавија дека Шпанецот се согласил повторно да потпише уште една сезона со опција за дополнителни 12 месеци, што значи дека би можел да остане на „Етихад“ дури и до летото 2027 година.

Халанд е сè уште под договор со Сити во следните две и пол години, но клубот сака да го продолжи тој период и да го врзе Норвежанецот во следните 4-5 години. Ако напаѓачот се согласи, тоа ќе значи дека ќе заработи нето 100 милиони фунти во тој период, без бонуси. Според „Сан“, платата на играчот е 20 милиони по сезона.

Минатата недела самиот Халанд изјави дека за него е многу важно Гвардиола да остане во клубот.

„Се надевам дека Пеп ќе потпише нов договор. Тој ми беше многу важен во првите две и пол години. Се надевам дека ќе остане подолго. Многу ми се допаѓа и се надевам дека ќе му се допаднам и јас“, изјави Халанд за медиумите во својата татковина.

Слични содржини