Сити ја плаќа клаузулата за идеалната замена на Родри?!

од Vladimir Zorba
61 прегледи

И повеќе од очигледно е дека Манчестер Сити не може без Родри и балансот на средината на теренот, па Пеп Гвардиола реши да се засили во зимскиот преоден рок.

Шпанските и англиските медиуми истакнуваат дека Сити повторно стапил во контакт со агентите на Мартин Зубименди за да ги информираат дека сакаат да ја активираат неговата откупна клаузула.

Засега не се знае дали Зубименди се предомислил, но не треба да заборавиме дека поради приврзаноста кон Реал Сосиедад веќе ги одби Барселона, Арсенал и на крајот Ливерпул.

Неговата откупна клаузула е 60 милиони евра и Сити е подготвен да ја плати веќе во јануари, но потребно е прво да зелено светло да даде Зубименди.

Тој го замени Родри и во шпанската репрезентација кога се повреди на ЕП, а тоа се покажа како вистински потег на Луис Де Ла Фуенте, па сега тој рецепт сака да го примени Пеп Гвардиола.

Сити доживеа четири порази во сите натпреварувања, што му се случи на Пеп за прв пат на „Етихад“, па Каталонецот реши да ги збие своите редови и да излезе на зимскиот пазар.

Дали Зубименди ќе го одбие еден од најдобрите тренери во историјата?

Слични содржини