226
Сити планира да понуди нов договор и двојна плата на Рахим Стирлинг, кој за време на оваа кампања ја игра најдобрата сезона во својата кариера.
Досега англискиот репрезентативец постигна 20 гола во 37 натпревари за „граѓаните“ и го привлече интересот на некои од најдобрите клубови во Европа.
Се верува дека Реал Мадрид, кој се подготвува за голема селкеција во текот на летото, исто така размислува за понуда на крилото.
Поради овој интерес, „граѓаните” ќе започнат преговори со Стирлинг за нов договор. Во моментов, поранешниот играч на Ливерпул добива 180.000 фунти неделно, но од „Етихад“ се подготвени да го зголемат двојно надоместокот, вели „Мирор“.