Сити, Јунајтед и Челси потрошиле најмногу за агенти

од Vladimir Zorba
422 прегледи

Клубовите од Премиер лигата потрошиле вкупно 272,6 милиони фунти на провизии за фудбалски агенти од почетокот на 2021 година. Најголема сума за оваа ставка потрошил шампионот Манчестер Сити.

Од 2 февруари 2021 до 31 јануари 2022 година „граѓаните“ на различни агенти им платиле 35 милиони фунти. На второ место е градскиот ривал Манчестер Јунајтед – 29 милиони. Веднаш зад е Челси, каде потрошиле 28,2 милиони. На дното на оваа ранг листа е новајлијата Брентфорд (3,5 милиони).

Во овој период Манчестер Сити го реализираше мегатрансферот на Џек Гриниш за кого на Астон Вила и плати 100 милиони фунти. Покрај тоа, голем дел од ѕвездите на „граѓаните“ потпишаа нови договори, што автоматски значи свежи пари во џебовите на нивните агенти.

Бројките беа официјално објавени од Фудбалската асоцијација на Англија.

Слични содржини