Сити ќе ги одбие понудите за Силва

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Манчестер Сити нема намера да го продаде Бернардо Силва на Барселона, иако Каталонците имаат многу сериозен интерес за играчот, пренесува весникот „Мирор“.

Шпанскиот гигант во неколку наврати навести дека сакаат да го ангажираат португалскиот плејмејкер, па дури и Жоан Лапорта се пошегува за тоа во заедничко интервју со Пеп Гвардиола.

Сепак, шампионите во Премиер лигата се децидни дека ќе ги одбијат понудите за играчот.

На почетокот на овој месец, шпански „Спорт“ објави дека од „Камп Ноу“ се подготвени да дадат понуда вредна 70 милиони фунти и се надеваат дека таа ќе биде прифатена. Фудбалерот и минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но тогаш беше убеден од газдите да остане на „Етихад“.

Сити веќе ги доведе Ерлинг Халанд и Калвин Филипс за околу 100 милиони фунти и од тука па натаму, Гвардиола ќе биде фокусиран на задржување на својот тим.

Слични содржини