Претседателот на Манчестер Сити, Халдун Ал Мубарак одби да именува конкретен момент за почеток на преговори меѓу клубот и Пеп Гвардиола за нов договор.
Каталонецот, кој пред само една недела ја крена четвртата титула како менаџер на „граѓаните“ во последните пет сезони, влегува во последната година од договорот, но двете страни нема да брзаат да го обноват.
„Пеп никогаш не останал толку долго во клуб, како што е случај тука. Со нас ја започна седмата година, а тоа не го направи ниту во Барселона, ниту во Баерн (Минхен). Прашањето, се разбира, е адекватно, но така беше и минатата година, како и пред три години. Ова е партнерство кое правеше чуда низ годините. Следната ќе биде уште повозбудлива и ние уживаме во секој момент. Заедно постигнуваме големи работи и ќе седнеме да преговараме кога ќе дојде вистинското време и со вистинско темпо, кои инаку работат за Пеп“, рече Ал Мубарак.