Сити не го прифаќа ултиматумот на Брајтон, има две алтернативи

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Манчестер Сити се откажува од својата понуда да го ангажира левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреља, откако „галебите“ поставија услов „граѓаните“ да се согласат да платат трансфер од најмалку 50 милиони фунти за каква било официјална комуникација меѓу двата клуба.

Од „Етихад“ понудија околу 35 милиони за Шпанецот, склони да ја зголемат сумата на 40 милиони, но во никој случај немаат намера да ја достигнат квотата од 50 милиони. Самиот играч поднел барање за трансфер, кое сепак нема да ја промени позицијата на Брајтон, тврдат англиските медиуми.

Пеп Гвардиола сигурно сака да потпише лев бек откако го продаде Олександр Зинченко на Арсенал. Кукуреља беше цел број 1 за оваа позиција, но сега менаџерот на шампионите цели на алтернативни опции. Според „Дејли Мејл“, такви се Борна Соса од Штутгарт и Алекс Грималдо од Бенфика.

Најчесто Жоао Кансело игра на левата страна од одбраната на Манчестер Сити, како и на натпреварот против Ливерпул за „Комјунити шилд“.

Сепак, Португалецот нема алтернатива на клупата.

Слични содржини