Сити планира да собере 200 милиони фунти од продажба ова лето

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Манчестер Сити планира да собере околу 200 милиони фунти од продажба на свои играчи, објави утринава англиски „Телеграф“.

Пеп Гвардиола сака да направи промени и да го освежи својот тим во потрага по повеќе успеси во следните неколку сезони, иако освои четири титули со Граѓаните во последните пет сезони.

Се споменуваат имињата на Рахим Стирлинг, Габриел Жесус, Александар Зинченко, Нејтан Аке и Илкај Гундоган. Сите овие играчи имаа повеќе или помалку периферна улога во последната кампања, а некои од нив се уште имаат кратки рокови од нивните договори.

Манчестер Сити веќе го привлече Ерлинг Халанд од Борусија (Дортмунд), а следна голема трансфер цел во наредните денови се очекува да биде Калвин Филипс од Лидс.

Слични содржини