Нема друг тим како Манчестер Сити во историјата на фудбалот, кој има инвестирано толку сериозна сума во актуелниот состав, тврди најновата анализа на универзитетскиот центар CIES.
Оваа формација на Пеп Гвардиола чини рекордни 878 милиони евра на клубот, што ги става „граѓаните“ далеку пред останатите на врвот.
На второ место е францускиот вицешампион ПСЖ кој платил 805 милиони евра за сегашните фудбалери. Манчестер Јунајтед е трет со 747 милиони евра, а Барселона влегува во четворката со 725 милиони евра.
Топ 10 се дополнува со Челзи, Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус, Арсенал и Евертон. Остава впечаток дека германскиот гигант Баерн Минхен е само 11-ти, а во Топ 20 има само уште еден германски клуб – Борусија Дортмунд.
Девет од клубовите во првите 20 се англиски, проследени со италијански (четири) и шпански (три). Само еден клуб надвор од Топ 20 даде повеќе од 200 милиони евра за своите сегашни играчи, и е лидер во Серија А – Наполи со инвестиција од 204 милиони евра.
Во просек, француските клубови инвестирале 97 милиони евра во нивните клубови, додека англиските – во просек по 291 милиони евра, што е рекорд. Во Бундеслигата бројот изнесува 113 милиони евра, во Серија А – 124 милиони, а во Ла Лига – 131 милион евра.