Сити потпиша со „новиот Салах“ за 70 милиони евра

од Vladimir Zorba
14 прегледи

По разочарувачките резултати во Премиер лигата и Лигата на шампионите, Манчестер Сити се впушти во процес на обнова на тимот.

На „Етихад“ веќе пристигнаа Абдулкодир Кусанов (Ленс) и Витор Реис (Палмеирас), а денеска „граѓаните“ го потврдија доаѓањето на Омар Мармуш.

Египќанецот често го нарекуваат „новиот Салах“ бидејќи неговата брзина наликува на ѕвездата на Ливерпул, а Сити за неговите услуги на Ајнтрахт му плати 70 милиони евра.

Тој го доби светлосиниот дрес со бројот „7“ и потпиша договор до 2030 година.

Мармуш во Ајнтрахт пристигна од Волфсбург во 2023 година како слободен играч, а оваа сезона експлодираше во дресот на тимот од Франкфурт.

На 26 натпревари за овој тим оваа сезона постигна 20 гола и запиша 14 асистенции.

Слични содржини