Сити повторно избега со 15 поени, Лапорт со деби еден ден по трансферот

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Манчестер Сити повторно има 15 поени предност пред градскиот ривал, Манчетсер Јунајтед (пораз од Тотенхем 2:0), откако „граѓаните“ на „Етихад“ го совладаа Вест Бромвич. Фернандињо (19), Кевин де Бруин (68) и Серхио Агуеро (89) Беа стрелци за тимот на Пеп Гвардиола.

Рекордната аквизиција на „граѓаните“, Ајмерик Лапорт, кој завчера официјално го финализираше трансферот, беше стартер во тимот. Бернардо Силва започна наместо повредениот Лерој Сане, а 21-годишниот Олександр Зинченко повторно стартуваше.

Манчестер Сити веќе има 68 поени и 73 гола постигнати во Премиер Лигата и е речиси сигурен освојувач на титулата. Вест Бромвич останува на последното место во пласман со 20 поени.

Резултати од Премиер лигата:

Челзи 0 – 3 Борнемут
Евертон 2 – 1 Лестер
Њукасл 1 – 1 Барнли
Саутемптон 1 – 1 Брајтон
Манчестер Сити 3 – 0 ВБА
Стоук Сити 0 – 0 Ватфорд
Тотенхем 2 – 0 Манчестер Јунајтед

Слични содржини