Сити продолжува да подобрува негативни рекорди

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Манчестер Сити доцна синоќа доживеа нов шокантен резултат во овогодинешната кампања, ремизирајќи 3-3 со Феенорд во натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола водеа со три гола разлика од 75. минута, но дуелот заврши нерешено. На овој начин „граѓаните“ влегоа во историјата на турнирот, станувајќи првата екипа која на четвртина час пред крајот на средбата имала толку солидно водство и не успеала да запише победа на крајот.

За прв пат од мај 1989 година, тим со три гола предност не успева да постигне успех.

Фудбалерите на Манчестер Сити успеаја да подобрат уште еден негативен рекорд во клупската историја од 61 година, со тоа што на шест последователни натпревари допуштија два или повеќе гола во својот гол. Последен пат тоа се случило во сезоната 1962-63 во која шампионите испаднаа во втората лига.

Слични содржини