189
Фудбалерите на Манчестер Сити се на чекор од финалето во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа Пари Сен Жермен со 1:2 во првиот полуфинален натпревар на „Паркот на принцовите“, по пресврт.
Домаќините поведоа соголот на Маркињос во првото полувреме, а во второто граѓаните дојдоа до пресврт со головите на Де Бруин и Марез.
Сити на крајот можеше да постигне и трет гол, но Навас го одбрани обидот на Фоден по одличниот соло продор.
Реваншот се игра на 4 мај на „Етихад“.
Доколку го одбрани резултатот од вечерашниот натпревар, Сити ќе стигне до своето прво финале.