Манчестер Сити во текот на летото ќе направи понуда за играчот од средниот ред на Монако, Тома Лемар, објавија медиумите на Островот.
„Граѓаните“ ќе се обидат да го совладаат Ливерпул, Арсенал и Челзи за потписот на францускиот репрезентативец.
Според последните информации тој ќе биде меѓу најсигурните нови засилувања на тимот, а истото може да се каже и за полудефанзивецот на Шахтјор Доњецк, Фред, кој не пристигна на „Етихад“ во текот на зимата, иако имаше такви најави.
Потсетуваме дека Сити се обиде да ги привлече Ријад Марез и Алексис Санез во јануари, но на крајот доживеа неуспех и со двајцата.
Во текот на летото тимот ќе се обиде да се зајакне стабилно на некои позиции.
Лемар е инаку добро познато име во Европа, а Арсенал понуди минатото лето 90 милиони фунти за него, но беа одбиени.