Сити влегува во конкуренција со Барселона за потписот на Олмо

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Манчестер Сити е подготвен да конкурира со Барселона за потписот на шпанскиот интернационалец Дани Олмо од РБ Лајпциг и веќе доставил понуда до германскиот клуб, пишува Фут Меркато.

26-годишниот напаѓач беше поврзуван со заминување по неговите одлични настапи на Европското фудбалско првенство во Германија летото.

Паралелно со обидот да го ангажира Нико Вилијамс, раководството на Барселона не се откажува од желбата да го ангажира Олмо, нудејќи за него околу 60 милиони евра.

Досегашната понуда не ја задоволува сумата која ја посакува РБ Лајпциг, но за викендот е закажан состанок меѓу агентот на играчот и претставници на Каталонците.

Шампионот на англиската Премиер лига е во подобра позиција да одговори на барањата на германскиот тим во сегашната ситуација.

Слични содржини