Ситуацијата со загаденоста на воздухот е алармантна

од Radmila Tasevska

Маските против коронавирусот граѓаните ги извадија, но сега повторно ги вратија поради загадениот воздух. Загадувањето никако да се реши. Луѓето ги поминаа празниците во магла, а и по нив ситуацијата остана иста. Сонцето се обидуваше да се пробие во текот на целиот ден, но смогот остана.

Ситуацијата е алармантна, средствата за заштита на животната средина се намалија за дури 44 отсто. Според екологистите буџетот не е толку важен фактор, туку е потребно надлежните да знаат како да управуваат со него. Неопходна е стратегија.

Додека граѓаните се гушат, политичките партии барата изговори и меѓусебно ја прфрлаат вината. Советниците од СДСМ поднесоа иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на град Скопје за загадувањето на воздухот. Очекуваат подршка од ВМРО-ДПМНЕ како најбројна советничка група. Велат, сега не е време за политика туку за делување.

Загадувањето ги влоши и респираторните болести, ги наполни амбулантите, лекарите прегледуваа по стотици пацинети дневно. Најмногу на удар се децата и хронично болните.

Слични содржини