Ситуацијата на фронтот е многу тешка, порача Зеленски

од Nikola Popovski
99 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека ситуацијата на фронтот е тешка, откако ги слушна извештаите на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски и началникот на Генералштабот, Анатолиј Баргилевич.

„Денеска имав детален и многу долг разговор со началникот на Генералштабот Сирски и началникот на Генералштабот Баргилевич. Повеќе од два и пол часа. Извештаи за секоја наша линија на фронтот, нашите понатамошни можности и конкретни задачи. Многу тешка ситуација“, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање до нацијата, пренесува Интерфакс Украина.

Тој нагласи дека најважно е да се изврши притисок врз Русија со сите средства и алатки за што поскоро да се постигне праведен мир за Украина.

„Се што можеме да направиме оваа есен, сè што можеме да постигнеме, мораме да постигнеме. И тоа зависи од сите во украинскиот тим. Сега треба да работиме што е можно повеќе пред средбата во Рамштајн“, заклучи Зеленски.

Тој изјави дека „украинските и американските тимови“ се подготвуваат за состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, „за да се обезбедат резултати во наредните месеци и на фронтот и на дипломатски план“.

Слични содржини