Ситуацијата со врнежите се уште не е критична

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Состојбата со поплавите кои ги предизвика големото невреме што во изминатото деноноќие го зафати Охрид полека се стабилизираат, но и натаму има делови од градот кои се под вода. Екипи на јавните претпријатија, потпомогнати од противпожарната служба и механизација на приватни компании интензивно работат на санирање на последиците од поплавите кои ги предизвика дождот.ohrid2

„Ситуацијата не е критична, но мора будно да ги следиме сите случувања, бидејќи станува збор за временска непогода што се уште трае“, изјави синоќа во Охрид министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Тој присуствуваше на вонредната седница на Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Охрид на која се разгледуваа активностите спроведени на терен изминатите два дена во врска со настанатите поплави предизвикани од поројните дождови што го зафатија регионот. Мисајловски појасни дека поради поројните дождови има проблеми низ повеќе градови низ земјата, будно се следат сосотјбите и во  оти голем дел од општините благовремено и  се реагира,