Не е реткост момците да се чувствуваат несигурно во врските, но тоа не води кон нешто добро. Неколку погрешни уверувања и ставови можат да ве држат подалеку од длабока конекција со партнерот.
1. Кога девојката дава комплимент на друг маж
Несигурността може да биде предизвикана од искрена пофалба од партнерката на сметка на изгледот или успехот на друг маж. Тоа нема да му биде лесно да го исфрли од главата, ќе биде малку љубоморен и несигурен. Но тоа не би требало да биде така. Подобро би било да ја прифати таа пофалба како убав гест направен кон друга личност.
2. Поради сексуалните изведби
Неретко момците знаат да бидат загрижени за тоа дали се добри и колку се добри во кревет, дали нивната партнерка е задоволна или не. Тоа е нешто околу што не треба да се загрижени ниту да дозволат таквите мисли да доведат до несигурност. Повеќето жени во врските бараат емоционална поддршка, дури и за време на водењето љубов. Значи, вниманието насочете го на тоа, наместо на мислите.
3. Доколку бил изневерен предходно
Кога мажот повторно ќе се заљуби по болното раскинување, можеби ќе се чувствува несигурно поради лошото искуство. Но, тоа само исцрпува енергија, а не е фер кон партнерката таквото однесување. Вниманието насочете го кон сегашноста и иднината, а минатото нека остане таму каде што му е местото.
4. Кога таа е по успешна од него
Жените се обидуваат да ги разбијат стереотипите дека треба да се заедно само со успешни и финансиски стабилни мажи, но успехот на жената има своја цена, иако не би требало да е така, а тоа е појавата на несигурност кај нивниот партнер. Според истражувањата од САД, мажите стануваат несигурни кога нивните сопруги заработуваат повеќе од нив.
5. Пријателството меѓу партнерката и поранешното момче
Иако поголемиот број на мажите нема тоа да го признаат, пријателството меѓу парнерката и нејзиниот поранешен и тоа како им смета. Во многу ситуации тие се споредуваат со него. Но, ова не треба да им се замерува толку многу, бидејќи да бил добар за неа, немало да биде поранешен.
6. Кога таа има машки пријатели
Тоа понекогаш поттикнува несигурност кај мажите, одобено ако партнерката поминува доста време со нив, се забавуваат, смејат, имаат исти интереси. Тогаш мажот станува несигурен и си поставува прашања. Особено е важно жената да не се обидува да ги сокрие пријателите, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата.
7. Чувството дека таа нешто крие
Мажите може да почувствуваат дека партнерката нешто им сокрива доколку е интровертна и чува нешто во себе. Тогаш тоа се таложи во нив и тоа ги прави несигурни бидејќи не знаат за што се работи па можат сешто да си помислат.