Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе им подлегна на повредите, соопштија болничките власти, каде што се лекуваше откако беше ранет денеска за време на говорот во градот Нара два дена пред парламентарните избори.
Лекарите во болницата во јапонскиот град Нара изјавиле дека при приемот во болница по нападот, поранешниот премиер не давал знаци на живот, но дека лекарите се обиделе со реанимација, пренесува „Срна“.
– Тој практично искрвари до смрт. Ситуацијата беше многу тешка уште на почетокот – изјавија лекарите на прес-конференцијата.
Лекарите изјавија дека Абе имал две рани на вратот и грбот и поткожно крварење.
Истиот извор наведува дека му била дадена поголема количина на крв во обид да го реанимираат, но безуспешно.
Јапонскиот премиер со најдолг стаж беше нападнат одзади од 41-годишен маж околу 11:30 часот по локално време додека зборувал пред железничката станица Јамато-Саидаиџи во префектурата Нара, соопшти полицијата.
Наведено е дека Абе паднал на земја откако го погодиле два истрела, а итно бил пренесен во болница со видливи траги од крв на кошулата, пренесува „Танјуг“.
Тецуја Јамагами (41), жител на Нара, е уапсена на лице место поради сомнение за убиството, соопшти полицијата.
Според владини извори, осомничениот претходно бил член на јапонската морнарица.