339
Ситуацијата се стабилизира, Р факторот на преносливост на вирусот веќе е намален под нула, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека бројот на новозаразени денеска ќе биде под 900.
-Бројките се намалуваат и мерките даваат резултати, се надевам дека тој тренд ќе продолжи.Единствениот начин да им се помогне на децата е да се вакцинираат возрасните, за да се заштитат родителите и постарите лица. Доколку се појави позитивен случај во училиште, епидемиолозите ќе проценат дали паралелката ќе треба да се префрли на онлајн настава или таа да се изведува комбинирано, рече Филипче.