Ситуацијата со ковид 19 е мирна, нема нови рестрикции поради делта сојот

од Берта Китинска
244 прегледи

Состојбата со ковид 19 е стабилна, засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки поради делата сојот одлучи од Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците.

Вчера во земјава беа забележани 6 нови случаи на ковид.Вирусот во моментов повлечен е од 19 општини во земјава.

Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130.

Слични содржини