Третиот случај што денеска го најави Специјалото јавно обвинителство е наречен „Актор“ и се однесува за фаворизирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопат Демир Капија – Смоквица иако, како што кажа Фетаи, подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“.

Тогашниот премиер му наложил на тогашниот министер за транспорт и врски да ја елиминира италијанската компанија бидејќи, како што рекол, неа во Македонија ја застапуваат „комуњари и да ја даде изведбата на автопатот“ на грчки „Актор“.
Министерот за транспорт и врски наложил на членовите од комисијата кои вршеле евалуација да го изберат „Актор“ со што државата е оштетена со 7.811.593 евра.
Покрај тоа во предметот „Актор“ има сомненија и за перење пари што се спроведувало преку четири компании кои на своите вработени им исплаќале огромни плати по што веднаш во Неготино биле претворани во евра и биле давани на рака на Грците.
На овој начин се испрани 31 милион 856.811 евра во период од 2012 до 2016 година.
Предмет на истрага ќе бидат десет физички лица и четири правни лица.