Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуиникациите ја известува јавноста дека од денес сите барани истражители се доделени на ова Јавно обвинителство, така што во овој момент вкупниот број на истражители е 13.
По однос на Законот за јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство, Ве известуваме дека не добивме одговор од ниту една од институциите до кои што поднесовме барање за информации, поради што во моментов ги разгледуваме законските можности за наше натамошно постапување.
Исто така, Ве известуваме дека во рамки на законски предвидениот рок доставен е и предметот од Основното јавно обвинителство Куманово, а воедно донесени се одлуки за надлежност за сите предмети кои беа доставени до ова Јавно обвинителство од Основните јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Што се однесува до видот на одлуките Ве известуваме дека ова Јавно обвинителство воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како Пуч. Врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје РО.бр.2362/15 и РО.бр501/15 не е воспоставена стварна надлежност и предметите се вратени на постапување на надлежното основно јавно обвинителство. Во оваа насока Ве известуваме дека дополнително е утврдено дека од доставените предмети уште два предмети се поврзани со изборни нерегуларности, така што бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности на кои ова Јавно обвинителство има воспоставено стварна надлежност изнесува 16.
Турција попушти, повлече дел од војниците од Ирак
Она што исто така е значајно да Ве известиме е дека во текот на денешниот ден од лидерот на политичката партија СДСМ ќе биде побарано доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, а кои ги поседуваат и за кои изразија подготвеност дека ќе ги достават на наше барање.
Во текот на изминатата недела од страна на јавноста беа барани податоци за воспоставување надлежност за други предмети, како предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“ и слично. За сите овие предмети ќе се произнесеме дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Секако, во моментот кога ова Јавно обвинителство ќе има конкретни информации за овие предмети и кога овие предмети и формално ќе бидат побарани со цел донесување одлука за стварна надлежност, јавноста благовремено ќе биде известена.
Од СЈО известуваат дека не се преземени два предмета и тоа предметот на Основното јавно обвинителство Скопје РО бр.2362/15 оформен по повод кривична пријава дадена на записник пред ова Основно јавно обвинителство, против една политичка партија за кривично дело Лажно пријавување, како и предметот на Основното јавно обвинителство Скопје РО.бр.501/15 оформен по повод кривична пријава против едно лице за кривично дело Злоупотреба на државна, службена или воена тајна и Злоупотреба на службена положба и овластување, како и против НН лица вработени во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, НН лица вработени во МВР Оддел за спроведување на посебни истражни мерки – Правосудна полиција и против НН лица вработени во Основен суд Скопје 1 Скопје Одделение за организиран криминал и корупција за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и Оддавање службена тајна.
Интегрален текст
