Портпаролката на СЈО, Ленче Ристевска за НОВА ја потврдува информацијата дека СЈО трага по лице вработено во УБК. Специјалното обвинителство побарало од судија на претходна постапка да издаде наредба за претрес во домот на едно лице врабтено во УБК. Судијата, како што пишува порталот, одбил да даде налог за претрес.
„Со оглед на тоа дека за осомниченото лице постојат безбедносни прични да биде обезбеден СЈО побара налог за притвор кој исто така беше отфрлен од судијата. СЈО потоа се обиде да го пронајде лицето за да го сослуша но лицето веројатно добило дојави дека е барано и во моментов не може да се лоцира“, вели во изјави за НОВА портпаролката на СЈО, Ленче Ристевска.
Според НОВА, станува збор за началникот на петтата управа Горан Груевски кој во моментот не бил е достапен за Специјалното јавно обвинителство, а полицијата го бара за да овозможи негово сослушување.
СЈО денеска доставило барање до судијата во претходна постапка, Јован Лазаревски, да се даде налог за претрес во домот на Грујовски со цел да се обезбедат докази.
Судијата Лазаревски го одбил оваа барање, по што СЈО издало налог Грујовски да биде обезбеден за распит.
Согласно законот СЈО има мандат да бара од полцијата да обезбеди осомничено лице во период од 24 часа во кој ќе се изврши распит.
Потрагата за солсушување на осомничен ќе трае се додека не биде обезбеден за СЈО а повеќе детали за акцијата се најавува за утрешниот ден