СЈО најавува за денеска нов случај- Уставен негово укинување!

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Уставниот суд на Република Македонија денеска би можел да одржи итна седница, со цел да го прогласи Специјалното јавно обвинителство за неуставно, дознава Плусинфо од извори во судот.

ustavnisudii-pomiluvanje[1]

Ваква седница на Уставниот суд беше планирана за неколку дена, но како што пишува порталот, вчера попладне итно е подготвено ново сценарио, со цел д се пресретне денешната   прес-конференција на СЈО на Катица Јанева.

Власта очигледно  ги има информациите дека СЈО денеска е можно да отвори нов случај  и да покрене истрага, и покрај помилувањата на Ѓорге Иванов.

ОД СЈО на Катица Јанева уште вчера напладне стигна покана до сите медиуми за прес конференција, и побараа прашања да им бидат испратени уште вчера за да можат прецизно денеска да дадат што повеќе одговори. Се очекува СЈО денеска исто така да ги  прогласи решенијата на претседателот Иванов за аболиција за ништовни.