60
Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство при изнесување на завршните зборови за случајот „Тенк“ побараа обвинетата Јанкулоска да биде прогласена за виновна. Според зборовите на обвинителството, таа го поттикнала Поповски незаконски да го фаворизира „Макаутостар“ за да се набави возило по желба на тогашниот премиер, Никола Груевски.
„Сметаме дека во дејствијата на обвинетата се содржани обележјата на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања бидејќи истата била свесна за делото и го сакала. Со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски незаконски да постапи и да фаворизира економски оператор за набавка на конкретното возило,“ рече обвинителката, Фатиме Фетаи./Alsat M