СЈО подготвува пријава за шефот на финансиската полиција

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Специјалното обвинителство денеска одлучува дали ќе бара дисциплинска одговорност за директорот на Финаниска полиција, ако не им додели истражител, пренесува 24 Вести.

sjo-najnova-obvinitelkite

Директорот Александар Тргачевски пред десетина дена добил опомена за дисциплинска од Катица Јанева, бидејќи специјалната обвинителка речиси цел месец го чека бараниот истражител.

Од СЈО официјално се уште не откриваат што ќе преземат за да им бидат исполнети барањата.

Точно е дека пративме опомена бидејќи веќе некое време чекаме да ни се одобри истражител од финансиска полиција, за понатаму ќе видиме, велат од СЈО

Неофицијално, од СЈО се повикуваат на Законот за кривична постапка кој предвидува можност за дисциплинска одговорност на правосудната полиција, под која влегуваат службениците од МВР, Финансиска и Царинска управа, заради ефикасно спроведување на кривична постапка, бидејќи според ЗКП не може да биде одбиено барањето на јавен обвинител за истражител во својот тим.

Слични содржини