„Скај Германија“: Аморим чекор поблиску до Ливерпул

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Тренерот на Спортинг (Лисабон), Рубен Аморим постигна вербален договор со Ливерпул да го замени Јирген Клоп, објави „Скај Германија“.

Вчера португалскиот новинар Педро Сепулведа информираше дека англискиот клуб упатил понуда до тренерот за 3-годишен договор.

Сега и Ливерпул мора да се договори со раководството на Спортинг. Се појави информација дека откупната клаузула на Аморим изнесува 20 милиони евра, но според споменатиот Сепулведа, имало договор меѓу тренерот и клубот тој да замине на Енфилд за помала сума. Фабрицио Романо дури прецизираше дека Спортинг би се согласил на 10 милиони евра.

Инаку, „Скај Германија“ додава дека 39-годишниот стручњак веќе бил на списоците на Баерн (Минхен) и на Челси, но посериозен интерес покажале само лондончани.

Рубен Аморим е во својата четврта сезона на чело на Спортинг и во тој период освои четири трофеи – една титула на Португалија, два домашни купа и еден Суперкуп.

Слични содржини