Само неколку часа по разделбата со Маурицио Сари, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, одлучи да го замени со Андреа Пирло, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Претходно истиот ден, италијанските медиуми ја проширија веста дека Пирло е меѓу опциите за ментор, но тие сега се убедени дека тој е избран. Пред само 10 дена, поранешниот играч од средниот ред на тимот започна да работи во Јуве како тренер на тимот на У23.

Маурисио Покетино, Зинедин Зидан и Симоне Инзаги се останатите имиња, иако во оваа фаза се чини дека е малку веројатно дека Французинот ќе го напушти Реал Мадрид.

Пирло играше за Јувентус од 2011 до 2015 година. Како дел од тимот, тој стана четирикратен шампион на Италија. Тој го освои Суперкупот двапати и Купот еднаш. На 164 настапи за екипата, тој постигна 19 голови и направи 38 асистенции.

Слични содржини