Италијански „Скај“ дознава дека четирикратниот шампион во Формула 1 се согласил на сè околу напуштањето на Ред Бул, иако има договор со австрискиот тим до 2028 година.
Макс Верстапен е далеку од петта шампионска титула. Сигурно е дека ќе ја заврши својата серија во 2025 година, а исто така е сигурно дека има проблеми меѓу него и Ред Бул.
Мерцедес ја следи ситуацијата и ја искористи својата можност да го доведе Холанѓанецот и на тој начин да се обиде да се врати на големата сцена од која самиот Макс ги отстрани.
Сè што останува е одборот на директори на Мерцедес да ја прифати оваа зделка. Постојат некои внатрешни проблеми, а планирани се и промени за следната година во Мерцедес.
Доколку Макс навистина се пресели во Мерцедес, тој би го заменил Џорџ Расел, а Кими Антонели ќе биде во тимот во тој момент.