Актуелно
Почетна / Сцена / Скандал го тресе светот: На Кајли Џенер ѝ се заканува затвор, откако текст на „Форбс“ ја открил нејзината „мрежа на лаги“

Скандал го тресе светот: На Кајли Џенер ѝ се заканува затвор, откако текст на „Форбс“ ја открил нејзината „мрежа на лаги“

Кајли Џенер (22) би можела да се соочи со затвор, откако била објавена статија на официјалната веб-страница на „Форбс“, во која се тврди дека влијателната убавица повеќе не е милијардер, и дека таа ткаела „мрежа на лаги“, пренесува „Дејли Меил“.

„Таа ткаеше мрежа на лаги во врска со податоците на компанијата, ја надувала големината на бизнисот и успехот и не била праведна ни во плаќањето данок“, се наведува во текстот објавен од Форбс вчера.

„Таа лажела за податоците на компанијата и фалсификуваните даночни пријави“, рече Форбс, додавајќи дека таа го сторила сето тоа за да „стигне до статусот на милијардер“.

„Дејли мејл“ сега ги пренесува изјавите на добро познатиот адвокат Јан Ханџлик, кој вели дека тврдењата на „Форбс“ би можеле да ја стават „кралицата на кармин“ во сериозна правна неволја.

Да потсетиме дека Кајли се огласи на Твитер по текстот на Форбс, шокирана од текстот.

„Со што се будам … мислев дека ова е угледен веб-сајт … Сè што гледам, се бројни неточни изјави и непотврдени претпоставки. Никогаш не сум барала некаква титула, ниту се обидов да лажам. Точка“, напишала Кајли, а потоа се вратила на текстот

„Дури и создавање даночни пријави што веројатно се фалсификувани, дали е тоа доказот? Значи само мислите дека се лажни? Како што всушност читам“, напишала Кајли и додала:

„Но, во ред. Благословена сум, имам убава ќерка и успешен бизнис и одлично напредувам. Во моментов можам да направам список на 100 работи што се поважни од тоа да утврдам колку пари имам“,изјавила Кајли и додала дека таа воопшто не се грижи.

loading...