227
Медицинската сестра, за која се верува дека е антиваксер, е осомничена дека ја заменила вакцината против коронавирус со солен раствор, и ја инјектирала во илјадници луѓе во Германија, откриваат локалните власти.
Повеќе од 8.500 луѓе во град во северна Германија, кои мислеа дека се вакцинирани, можеби останале без заштита од ковид 19, бидејќи медицинска сестра наводно им вбризгала солен раствор наместо вистинска вакцина.
Се верува дека дел од населението во малиот град Шортенс можеби ќе треба повторно да се подложи на вакцинација, само неколку месеци откако наводно биле вакцинирани против корона вирусот.
Скандалот беше откриен откако локалните власти започнаа истрага за „помал проблем“ во процесот на вакцинација.