Скандал на ЕУРО: Натпреварот Германија – Унгарија под истрага

од Vladimir Zorba
298 прегледи

УЕФА отвори истрага „поради потенцијални инциденти поврзани со дискриминација“ на натпреварот помеѓу Германија и Унгарија (2: 2), одигран оваа среда во последното коло од групата Ф на Европското првенство.

Телото сè уште не ги објаснило деталите за инцидентот, но најавено е дека инспекторот за етика и дисциплина ќе се справи со ова, пренесува „Атлетик“.

За време на натпреварот против Германија, унгарските навивачи беа фотографирани на кои се гледа хомофобичен транспарент.

Леон Горецка постигна гол во 84-та минута, со што Германија обезбеди пласман во нокаут фазата и ги елиминираше Унгарците од натпреварувањето.

Во моментов се испитуваат сите три натпревари на Унгарија во групната фаза. УЕФА ја спроведе истата истрага поради мечевите со Франција и Португалија, а и двата натпревари се играа на „Арената Пушкаш“.

За време на натпреварот од првото коло беа објавени неколку фотографии на унгарски навивачи кои имаа расистички транспаренти и такви насочени кон ЛГБТИК-луѓето.

Сето ова го натера Горецка да реагира по постигнувањето на голот, што беше реакција на интересна предигра што се случи уште пред натпреварот на „Алијанц Арена“.

Слични содржини