Алармот се огласи на Вимблдон два дена по победата на Новак Ѓоковиќ, поради местење на натпревари во раната фаза на турнирот.
Организаторите на лондонскиот грен слем мораат да се справат со две сомнителни обложувања, кои се однесуваат на машкиот сингл во првото коло и меч во двојки.
Веста ја открија германските медиуми, пред се „Велт“, кој доби информации за аномалии во текот на натпреварите, што го привлече вниманието на обложувалниците.
Во мечот на синглови кај мажите, на крајот од вториот сет, била платена сума од пет цифри, во однос на точниот резултат и бројот на одиграни гемови.
Во моментов нема официјални потврди од истражните тела, особено од Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА), која не објави ништо во врска со тоа.
Во следните неколку дена може да пристигнат вести во врска со оваа ситуација, која ризикува да го наруши интегритетот на Вимблдон, кој отсекогаш се сметаше за најпрестижен Грен слем.
Foto: Getty Images