СКАНДАЛ: Поради лоша шега, отпуштен директорот на церемонијата на отворањето на ОИ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио, комичарот Кентаро Кобајаши, беше отпуштен само еден ден пред официјалното отворање на Игрите, откако на социјалните мрежи се појави видео од скеч од 1998 година, во кое тој направи несоодветна шега за холокаустот.

Сеико Хашимото, претседателка на Организациониот комитет на Игрите, ја објави одлуката пред неколку часа, велејќи дека Кобајаши бил отпуштен и дека официјалните лица ќе извршат увид во церемониите на отворање и затворање, кои требало да ги води комичарот.

– Дознавме дека г-дин Кобајаши дал коментари кои се потсмеваат на трагичните настани во историјата, во еден од неговите настапи – рече Хашимото, но додаде дека таа нема да поднесе оставка поради ова.

Контроверзната „шега“ поради која беше отпуштен Кобајаши се случила пред 23 години, за време на изведбата на хумористичниот дует Рамен, и тој го спомнал холокаустот на несоодветен начин (иако некои Јапонци ја оспоруваа точноста на контекстот на оваа шега спомената во медиумите).

Центарот Симон Визентал го осуди Кобајаши за оваа снимка, наведувајќи дека „секоја поврзаност на оваа личност со Олимписките игри во Токио би го навредила сеќавањето на убиените 6 милиони Евреи“.

Слични содржини