Скандал: Познат фудбалер осуден на две години условна поради сексуален напад

од Nikola Popovski
40 прегледи

Висам Бен Једер, познат француски фудбалер, е осуден за сексуален напад на 23-годишна девојка во алкохолизирана состојба. Тој е осуден на двегодишна условна затворска казна, ќе треба да плати парична казна од 5.000 евра, плус уште 6.500 евра за жртвата, а доби и забрана за возење од шест месеци.

Судењето во Ница траеше со недели, Бен Једер беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението пред Кривичниот суд на Франција, а за сличен случај беше пријавен и летото минатата година.

Бен Једер беше обвинет и осуден за возење во алкохолизирана состојба, одбивање да соработува со полицијата и сексуален напад.

Францускиот фудбалер ги призна сообраќајните прекршоци, но тврдеше дека не се сеќава на ништо поврзано со сексуалниот напад, за кој е обвинет.

Обвинителството бараше казна затвор од две и пол години, но судот изрече условна казна.

Бен Једер моментално е без клуб, има 34 години, а во кариерата настапуваше за Алфорвил, Тулуз, Севилја и Монако, додека во француската репрезентација одигра 19 натпревари на кои постигна три гола.

Слични содржини