Скандал со војниците кои се одговорни за безбедноста на Мајк Пенс

од desk2
81 прегледи

Членовите на воениот оддел наменет за безбедноста на американскиот заменик-претседател Мајк Пенс, беа отстранети од функцијата во Белата куќа откако се обвинети дека воделе љубов со жени во хотел во Латинска Америка, соопшти претставник на американското Минстерство за одбрана.

Инцидентот се случил за време на неодамнешната посета на Пенс во Колумбија, Аргентина, Чиле и Панама, но не е заведено кога точно и каде.

Ен-Би-Си наведе дека тимот на Пенс добил пристап до записи од безбедносни камери, на кои се гледа како членовите на воениот состав ги водат жените во зоната што е наменета за обезбедувањето.

Неименуван американски претставник објасни дека засега нема основа да се смета дека жените се проститутки.

– Знаеме за инцидентот, тој се испитува, изјави мајорот Адриан Ранкин Галовеј.

– Потврдуваме дека лицата кои се вмешани се вратени во армијата, додаде тој

Слични содржини