Скандал: Уапсени хрватски воен пилот и неговата партнерка од Косово – шпионирале за косовските Срби!

од desk2
62 прегледи Фотографии: Социјални мрежи и Министерство за одбрана на Хрватска

Под обвинение за шпионажа во полза на косовските Срби, на островот Вис се уапсени А.М., државјанка на Србија од Косовска Митровица, и Ј.И., пилот на воен хеликоптер, припадник на Хрватското воено воздухопловство, јави index.hr.

Според малкуте добиени информации, постапката против двајцата шпиони ја водат и цивилната и воената полиција, а во истрагата е вклучен и Европол.

„Индекс“ вели дека информациите ги добиле од многу доверливи извори, но кога се обиделе да ги проверат, наишле на молк. Од Полициската управа на новинарите им кажале да се обратат во хрватското Министерство за одбрана, но досега нема податоци.

Истрагата работи на основа на сомнежи дека хрватскиот воен пилот кој е ангажиран во КФОР на Косово, на својата партнерка ѝ оддавал доверливи податоци, а потоа таа ги пренесувале на членови на Српска листа, партија на српското малцинство на Косово.

Се смета дека Ј.А. на својата девојка ѝ давал информации за движењето на Срби на северот на Косово од крајот на 2022 се до оваа година, како и за движењето на единиците на КФОР: