Скандал во БиХ: Нема пари за кошаркарите да одат на Евробаскет

од Nikola Popovski
198 прегледи

Кошаркарската федерација на Босна и Херцеговина денеска соопшти дека настапите на репрезентативните селекции на големите натпреварувања, вклучително и машката А, се под знак прашалник поради недостиг на финансии.

„Ситуацијата, да бидеме целосно отворени и директни, е токму таква што претстојните настапи на ЕП и СП на нашите репрезентации се под голем знак прашалник. Во моментов нема излез, па не е далеку моментот кога ќе бидеме принудени да го откажеме учеството на споменатите натпреварувања“, се наведува меѓу другото во соопштението на КС БиХ.

Тие наведуваат дека „троопнале на вратите на многу институции и побарале поддршка, но биле игнорирани“.

„Како да не се работи за репрезентациите на нашата земја, бидејќи како поинаку да се објасни фактот дека има пари за поединечни клубови, но не и за национални селекции? Особено за кошарката, која толку пати го израдува нашиот народ. Тоа е зошто ќе бидеме директни и отворени. Настапите на претстојните европски и светски натпреварувања, репрезентацијата е под знак прашалник“.

Машката А репрезентација на Босна и Херцеговина е во групата Б на Евробаскетот и во Келн треба да ги одмери силите со селекциите на Франција, Литванија, Словенија, Германија и Унгарија.

БиХ за Евробаскетот состави респектабилен тим, кој треба да го предводат големите ѕвезди Јусуф Нуркиќ и Џанан Муса.

Слични содржини