Скандал во Бундес лигата: Поради погрдни зборови предизвика хаос, Германците не можат да поверуваат што кажа фудбалерот

од Nikola Popovski
36 прегледи

Напаѓачот на Волфсбург, Кевин Беренс предизвика скандал кој беше во фокусот на германските медиуми. Имено, одделот за маркетинг на клубот побарал од некои од играчите да потпишат работи кои подоцна ќе бидат продадени или ќе одат во хуманитарни цели, а меѓу нив бил и Беренс.

Меѓу другото, Беренс имал задача да потпише специјално издание на дресот на Волфсбург во боите на виножитото, но тој одбил да го стори, употребувајќи погрдни зборови.

За се веднаш била информирана управата на клубот, која експресно реагирала, а Германецот имал разговор со спортскиот директор Себастијан Шинџилорз.

„За време на средбата имаше изјави кои не беа во согласност со ставовите на Волфсбург. Инцидентот бил веднаш разрешен. Клубот е свесен за својата општествена одговорност“, одговориле од клубот на прашањата на германски „Билд“.

Потоа проговори и самиот Беренс и се извинил за навредливите зборови.

„Моите спонтани коментари беа апсолутно погрешни. Би сакал да се извинам за тоа. Темата беше јасно дискутирана внатрешно и ве молам разберете дека не сакам дополнително да коментирам“, рекол Беренс.

Слични содржини