Скандал во Франција: Уапсен сенатор осомничен дека дрогирал пратеничка со намера да ја СИЛУВА

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Француски сенатор е уапсен и испрашуван во полиција под сомнение дека дрогирал пратеничка со намера да ја силува или сексуално да ја нападне.

Џоел Жериу (66), политичар на десниот центар Les Independants, беше уапсен оваа недела во неговиот дом во Париз, кој беше претресен заедно со неговата канцеларија.

Француските обвинители изјавија за агенцијата „Франс прес“ дека Жериу бил испрашуван поради „давање на лице, против негово знаење, супстанца која може да ја промени неговата способност за расудување или контролата врз своите постапки за да изврши силување или сексуален напад“.

Наводниот инцидент се случил во вторникот вечерта.

Слични содржини